• среда, 25 март 2026

Германскиот министер за надворешни работи го повика Иран да запре со напади врз трети земји

Германскиот министер за надворешни работи го повика Иран да запре со напади врз трети земји

Берлин, 6 март 2026 (МИА) – Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска го повика Иран да запре со, како што ги оцени, „неодговорните“ напади врз трети земји, но истовремено додаде дека не гледа непосредна закана за НАТО од актуелниот конфликт.

Вадефул најави и дополнителна хуманитарна помош од речиси 100 милиони евра и нагласи дека државите мора да спречат раселувањето на населението на Блискиот Исток да се претвори во „нов бран бегалци“.

- Целосно е неоправдано Иран да напаѓа држави кои не учествувале во нападите врз Исламската Република - изјави тој.

Во изјава заедно со својот колега од Холандија, германскиот министер нагласи дека Украина останува најважниот безбедносен приоритет за Германија и ја повика Унгарија да престане да ја блокира помошта за Киев. ссм/

фото: архива

Остани поврзан