• сабота, 21 декември 2024

Германскиот буџетски дефицит во 2020 година е најголем во последните 30 години

Германскиот буџетски дефицит во 2020 година е најголем во последните 30 години
Берлин, 7 април 2021 (МИА) – Буџетскиот дефицит на Германија во пандемската 2020 година достигна 189,2 милијарди евра и е најголем од обединувањето на Германија, а одговара на 5,7 проценти од бруто домашниот производ, покажуваат податоците што денеска ги објави заводот за статистика. Пандемијата однесе повеќе од 77.000 животи во Германија и ја уништи најголемата европска економија, која се покажа поотпорноа од очекуваното, делумно е благодарение на континуираната силна побарувачка од Кина, коментираат светските агенции. Државните трошоци минатата година се зголемија за 12,1 отсто, на 1.700 милијарди евра, бидејќи државата презеде драстични мерки за ублажување на последиците од повеќемесечното затворање на економијата. Приходите од данокот паднале 3,5 проценти, на 1.500 милијарди евра, според германскиот завод за статистика. Пресметките покажуваат дека буџетскиот дефицит во 2020 година изнесува 189,2 милијарди евра, што, според Дестатис, одговара на 5,7 проценти од БДП. Кон крајот на февруари, заводот за статистика го процени дефицитот на 139,6 милијарди евра, што е еднакво на 4,2 проценти од БДП. Државата ќе продолжи да троши многу, а германскиот министер за финансии Олаф Шолц минатиот месец вети дека ќе стори сè што е потребно за економијата да излезе од кризата предизвикана од коронавирусот. Германија се бори со третиот бран на пандемијата и голем број компании, вклучително и барови и кина, треба да останат затворени најмалку до крајот на овој месец. Институтот за економски истражувања Ифо денеска соопшти бројот на луѓе со скратено работно време сепак се смалил во март, благодарение на индустријата поддржана од силен извоз. Во март, во државната програма за субвенционирање на плати за скратено работно време имало 2,7 милиони работници, 200.000 помалку отколку во февруари, проценува Ифо. На почетокот на пандемијата, германската Влада субвенционираше плати на рекордни шест милиони работници преку програма за зачувување на работните места. јт/

Остани поврзан