• вторник, 02 јули 2024

Германската полиција усмрти маж кој со нож избоде политичар и полицаец на политички настан во Мајнхајм 

Германската полиција усмрти маж кој со нож избоде политичар и полицаец на политички настан во Мајнхајм 

Мајнхајм, 31 мај 2024 (МИА) - Во германскиот град Манхајм, непознат маж ги избодел конзервативниот политичар Михаел Штурценбергер и еден полицаец.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како сè уште неидентификуваниот сторител напаѓа друг маж.

За весникот „Билд“ е потврдено дека станува збор за конзервативниот политичар и антиисламист Михаел Штурценбергер (59).

Според полицијата, нападот се случил околу денеска во 11:35 часот. 

Политичарот учествуваше на митингот на движењето тоа утро како говорник.

Непосредно по нападот, минувачи се обиделе да го одземат ножот од напаѓачот, но тој се оттргнал и со оружјето го нападнал полицаецот од грб, додека друг полицаец го убил. сд/

фото:Х

Остани поврзан