• петок, 22 ноември 2024

Германија: Транспортот на гас со Северен тек 2 не загрозува никого

Германија: Транспортот на гас со Северен тек 2 не загрозува никого
Берлин, 27 октомври 2021 (МИА) - Германскиот регулатор има рок до почетокот на јануари да го сертифицира гасоводот, но би можел и порано да ja донесе одлуката. Транспортот на руски гас во Германија преку гасоводoт „Северен тек 2“ нема да го загрози снабдувањето на најголемите европски економии, ниту на Европската унија, соопшти германското Министерство за економија.
Иако гасоводот е подготвен за испорака на гас, сертификатот на Федералната агенција на германската (гасна) мрежа се уште недостига, а анализата на Министерството е клучен услов за ова регулаторно тело да продолжи со процесот на сертификација. „Во својата анализа, Сојузното Министерство за економија заклучи дека издавањето на сертификатот не ја загрозува безбедноста на снабдувањето со гас на Германија и на Европската унија“, се вели во соопштението на Министерството.
Исто така, се предлага Министерството да ја достави својата анализа до регулаторното тело по разговорите со соседните земји на ЕУ, додавајќи дека можност за учество во консултациите добиле Италија, Австрија, Полска, Чешка, Унгарија, Естонија, Летонија и Литванија. Германскиот регулатор има рок до почетокот на јануари да го сертифицира гасоводот, но би можел и порано да ја донесе одлуката. Откако регулаторното тело ќе ја даде својата препорака, документот се испраќа до Европската комисија, која има рок од два месеца да се произнесе. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан