• четврток, 26 март 2026

Германија со нова воена помош за Украина

Германија со нова воена помош за Украина

Берлин, 28 мај 2025 (МИА) – Германија ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина во вредност од околу пет милијарди евра, соопшти германското Министерство за одбрана.

Помошта ќе биде финансирана од средства, кои веќе се одобрени од Долниот дом на германскиот Парламент.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска е во посета на Берлин, при што се сретна со канцеларот Фридрих Мерц, а предвидена е средба и со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан