• вторник, 07 мај 2024

Германија итно ќе и испорача на Украина уште 64 системи Патриот

Германија итно ќе и испорача на Украина уште 64 системи Патриот

Брисел, 16 јуни 2023 (МИА) – Германија „веднаш“ ќе и достави уште 64 системи за противвоздушна одбрана Патриот на Украина, изјави германскиот министер за одбрана на вториот ден од средбата на НАТО во Брисел.

- Одлуката е многу важен знак за поддршка за успешните напори на украинските вооружени сили да обезбедат воздушна одбрана, особено сега во оваа конкретна фаза од војната, посочи Писториус.

Германија минатиот месец најави помош во висина од речиси три милијарди долари за зајакнување на одбраната на Украина, што е најголемо ветување за воена помош од почетокот на војната. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан