• недела, 22 декември 2024

Германија испраќа повеќецевни ракетни фрлачи во Украина

Германија испраќа повеќецевни ракетни фрлачи во Украина
Берлин, 15 септември 2022 (МИА) - Германија вети дека ќе испрати два повеќецевни ракетни фрлачи (МЛРС) во Украина, потврди министерката за одбрана Кристин Ламбрехт. „Одлучивме да испратиме уште два повеќецевни ракетни фрлачи МАРС II и 200 ракети во Украина“, рече министерката на конференцијата на Бундесверот, додавајќи дека обуката на украинските војници за употреба на МЛРС ќе започне овој месец. Ламбрехт рече дека дополнително во Украина се испраќаат 50 оклопни транспортери од типот „Динго“. Германската министерка за одбрана потврди дека е постигнат договор со Грција и Украина, според кој Германија на Грција ќе и испрати повеќе од 40 модерни пешадиски борбени возила од типот Мардер, а Грција пак на Украина ќе и испрати 40 оклопни возила од типот БМП-1 од советската ера. паг/    

Остани поврзан