• четврток, 26 март 2026

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа

Берлин, 8 август 2025 (МИА) - Германската влада нема да одобри никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа до понатамошно известување, изјави денеска германскиот канцелар Фридрих Мерц, во врска со планот на Израел да ги прошири своите воени операции на палестинската територија.

Ослободувањето на израелските заложници и преговорите за прекин на огнот се главни приоритети на Германија, рече Мерц, изразувајќи длабока загриженост за страдањето на цивилите во Појасот Газа.

Германија со децении е цврст поддржувач на Израел со децении, забележуваат агенциите. рп/

Фото: ДПА

 



Остани поврзан