• вторник, 30 април 2024

Германија веднаш ќе испорача уште еден систем Патриот на Украина

Германија веднаш ќе испорача уште еден систем Патриот на Украина

Берлин, 13 април 2024 (МИА) – Германската влада испорачува уште еден систем за противвоздушна одбрана Патриот за да ја зајакне Украина во нејзината одбранбена кампања против Русија, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.

Системот доаѓа од залихите на Бундесверот и треба веднаш да биде предаден, соопшти Министерството.

Досега Германија испорача два системи Патриот на Украина. Системот се докажа во борбата против руската агресија, наведе Министерството за одбрана во Берлин.

Испораката треба да се гледа и во контекст на интензивните заеднички напори на министерот за одбрана Борис Писториус и министерката за надворешни работи Аналена Бербок да лобираат кај партнерите за повеќе системи за воздушна одбрана за Украина, пренесе ДПА.

- Рускиот терор врз украинските градови и инфраструктурата на земјата предизвикува неизмерно страдање, рече Писториус, според соопштението за печатот. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан