• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави почеток на целосна реконструкција на улица „50 Дивизија“, со која улицата ќе добие современ, функционален и безбеден изглед.

Како што информираат од оштината проектот предвидувал еднонасочно движење и ново коловозно решение, со што ќе се подобри протокот на сообраќајот и ќе се создадат нови резидентни паркинг-места.

-Со проширување на тротоарите, поставување бариери против диво паркирање, ново ЛЕД осветлување и зеленило, овој потег ќе стане поурбан, побезбеден и поудобен за сите жители. Како трајно решение за паркирањето, предвидена е и катна гаража, со која конечно ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на Центар, рекол Герасимовски.

Тој најави и изградба на нова градинка во населбата по скандинавски терк, со што просторот добива целосно нова вредност, урбано, зелено и безбедно маало за сите центарци.

Во новата програма како што инфоримирал предвидени биле и следниве инфраструктурни зафати: реконструкција на ул. „Ленинова“ – од бул. „Партизански одреди“ до Паркот на франкофонијата, со велосипедска патека и зеленило долж целиот потег, нови пјацети на улиците „Чедомир Мендеровиќ“, „Наум Наумовски Борче“ и „Орце Николов“. Во прогарамата за наредниот мандат се планира реконструција на над 20 улици и поставување на водоводни и канализациони мрежи каде што е потребно.свс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан