Герасимовски: Се подготвувам за втор мандат, имаме одличен план и програма
- СООПШТЕНИЕ -
29 мај 2025
Градоначалникот Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат, со одличен план и програма којашто се спрема.
„Изминатите три ипол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат. Секако дека се подготвуваме, ние сме постојано и во кампања, но приоритет ни се граѓаните и проектите што ги имаме започнато и ветено пред граѓаните во 2021 година“, рече Герасимовски.
Општина Центар
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.