• четврток, 26 март 2026

Герасимовски: Пријавете се и станете дел од тематските прошетки низ културата и историјата на Центар

Герасимовски: Пријавете се и станете дел од тематските прошетки низ културата и  историјата на Центар

Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува сите заинтересирани да се пријават на јавниот повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“.

Во рамки на проектот, на различни локации ќе се организираат прошетки, водени од стручни водичи, кустоси и историчари на уметноста, со цел промоција на уметничките, архитектонски, историски и другите културни обележја во Општина Центар.

-Честопати не сме свесни за богатата историја и традиција на Центар, но секое ќоше и улица имаат што да раскажат. Граѓаните ќе имаат можност преку стручни водичи да ги слушнат приказните и тајните на маалата. Верувам дека со оваа иницијатива ќе ги едуцираме и ќе ја подигнеме свеста за автентичноста и културниот идентитет на нашата општина“, посочува Герасимовски.

Како што информираат од Општина Центар право на учество имаат здруженија, организации, правни субјекти и физички лица од областа на културата и уметноста, со седиште и живеалиште во општината.

За реализација на проектот, издвоени се 100.000 денари од општинскиот буџет. сст/са/

Фото Општина Центар 

 

Остани поврзан