• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево

Герасимовски: Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево

8 јули 2025

Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар во Чучер Сандево. Во акцијата се ангажирани вработени на ПОЦ и цистерна на Општина Центар, како дел од координираниот одговор на институциите за справување со огнената стихија.

Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи.

„Во ситуации како оваа, најважни се вниманието, дисциплината и одговорноста. Ги повикувам граѓаните да бидат совесни во овие жешки денови и да се придржуваат до сите препораки на службите и не преземаат ризични активности во опожарените подрачја", порача Герасимовски.

Поради сериозноста на состојбата, Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба, а во акцијата на гасење на огнот се вклучени и хеликоптери и теренски екипи од повеќе институции.

Општина Центар останува мобилизирана и подготвена да помогне, со сите свои расположливи ресурси, сѐ додека пожарот не биде ставен под целосна контрола.

Општина Центар

_______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан