• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: Општина Центар е пример во регионот за промоција и субвенционирање на велосипедот како превозно средство

Герасимовски: Општина Центар е пример во регионот за промоција и субвенционирање на велосипедот како превозно средство

Скопје, 9 јули 2025

Додека државата сè уште нема точни податоци за бројот на велосипеди и нема национална стратегија за алтернативен превоз, Општина Центар повеќе од десет години спроведува конкретни мерки за поддршка на граѓаните кои користат еколошки транспорт. Се вели во анализата на Блумберг Адрија за развојот на велосипедскиот сообраќај во Македонија и Европа.

„Верувам дека со вистински мерки и поддршка, можеме да создадеме навика кај граѓаните велосипедот да биде прв избор за движење низ градот“, изјави градоначалникот Горан, додавајќи дека општината ќе продолжи со вложувања во безбедна и функционална велосипедска инфраструктура.

Преку проектот „Цел Центар на точак“, започнат во 2014 година, досега се доделени над 5.000 субвенции за велосипеди, електрични тротинети и дополнителна опрема – со искористеност од над 90% од поднесените барања.

Од 2023 година, субвенционирањето се прошири и на дополнителна опрема, а општината постави и сервисни станици, држачи за велосипеди и воведе обврска за велосипедски паркинг кај новоизградените објекти – мерка што е прва од ваков вид во државата и е усогласена со европските стандарди.

Во споредба со регионот, каде автомобилот и понатаму е доминантен, а велосипедот сè уште се користи главно за рекреација, примерот на Општина Центар покажува дека и во домашни услови може да се гради современа и еколошка мобилност – по примерот на градови како Копенхаген и Амстердам. Центар станува доказ дека волјата, визијата и континуитетот се клучни за вистинска промена во сообраќајните навики и квалитетот на живот во градот, се вели во деталната анализа на Блумберг Адрија.

Општина Центар

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан