Герасимовски: Обезбедуваме средства за Меѓународниот шаховски турнир за слепи лица
- По повод Меѓународниот ден на белиот стап - 15 Октомври, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски одржа состанок со слепите лица од општината.

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на белиот стап - 15 Октомври, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски одржа состанок со слепите лица од општината.
Состанокот, како што информира денеска Општина Центар, се покажа како уште една потврда дека општината секогаш е тука да помогне на ранливите групи.
- На барање на Националниот сојуз, обезбедивме финасиска поддршка за Меѓународниот шаховски турнир за слепи лица, кој ќе се одржи во чест на 13 Ноември - Ден на ослободувањето на Скопје, во просториите на Сојузот. Мило ми е што помогаме да се оствари оваа меѓународна спортска дружба која ќе донесе радост во нивните животи. Нас ќе ни биде голема чест и задоволство да присуствуваме на отворањето на турнирот, истакна Герасимовски.
Општина Центар ги повикува лицата со попречен вид активно да се пријавуваат на повиците за субвенции и други проекти во општината наменети за загрозените категории граѓани. мд/аа/
Фото: Општина Центар