• четврток, 26 март 2026

Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар

Герасимовски: Исчистивме и измивме околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало, продолжуваме низ цел Центар

Скопје, 21 август 2025 (МИА) - Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци, информираат од општината.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцирал дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на живот, а приоритет на општината е да биде место кадешто хигиената и редот се видливи на секој чекор.

-Секојдневно вложуваме напори да создадеме уредна и хигиенска средина во која граѓаните ќе се чувствуваат пријатно и безбедно. По завршување на чистењето на самите контејнери, општинските служби спроведуваат дополнителни активности за миење на површините околу нив, со што се спречува ширење на непријатни миризби и се намалува ризикот од појава на нечистотии и зараза. На овој начин обезбедуваме поголема хигиена на јавните простори и го унапредуваме квалитетот на живот на граѓаните. Нашата цел е Центар да биде пример за чиста и уредена општина, бидејќи секој граѓанин заслужува да живее во здраво и уредено опкружување. Преку овие активности го подигнуваме како нивото на јавната хигиена, така и свеста кај граѓаните“, вели Герасимовски.свс/са/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан