• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Го обновуваме паркингот на улицата „Петар Поп Арсов“, обезбедуваме повеќе ред и подобри услови

Герасимовски: Го обновуваме паркингот на улицата „Петар Поп Арсов“, обезбедуваме повеќе ред и подобри услови

Скопје, 29 август 2025 (МИА) - Службите на Општина Центар интензивно работат на обновување на паркинг просторот на улицата „Петар Поп Арсов“, лоциран зад Вучко. Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 квадратни метри.

Како што информираат од локалната самоуправа, по завршувањето на градежните работи, следува обележување на паркинг- местата, по што просторот ќе биде целосно функционален и подготвен за користење.

-Со уредувањето и обележувањето на овој паркинг-простор им излегуваме во пресрет на потребите на центарци, овозможувајќи организирано и поефикасно паркирање. Целта ни е да создадеме безбеден и уреден простор, со современи стандарди и подобра пристапност, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Со овој зафат, додаде, Општина Центар продолжува со инвестиции во подобрување на урбаната и комунална инфраструктура.

Реновирањето на паркингот се изведува на барање на жителите во рамки на караванот „Се гледаме во маало”, кои се соочуваат со хаотичната состојба при паркирањето и недостиг на паркинг-места. вј/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан