Герасимовски ги повикува младите да се пријават за практикантство во Општина Центар
- СООПШТЕНИЕ - Општина Центар објави јавен повик за практикантство, отворен од 19 до 29 мај 2025 година. Право на пријавување имаат студенти и апсолвенти од државни, приватни или меѓународни факултети, кои се жители на Општина Центар.
19 мај 2025
Општина Центар објави јавен повик за практикантство, отворен од 19 до 29 мај 2025 година. Право на пријавување имаат студенти и апсолвенти од државни, приватни или меѓународни факултети, кои се жители на Општина Центар.
,,Со овој повик им даваме на младите можност за практично искуство и директен увид во работата на локалната самоуправа. Ова е шанса студентите и апсолвентите да се подготват за успешна кариера и да се вклучат во развојот и иднината на нашата општина“, истакна Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар.
Практикантите ќе добиваат месечен надомест од 15.000 денари (нето), на кој ќе се пресметува персонален данок на доход, а Општина Центар за проектот обезбедува 1.000.000 денари од буџетот за 2025 година.
Практикантството започнува од 1 јуни 2025 година, ќе се спроведува во општинските сектори и ќе трае до 6 месеци. Ќе бидат избрани вкупно осум практиканти.
Заинтересираните треба да приложат барање за практикантство, доказ за студентски статус, лична карта, трансакциска сметка и кратко CV во архивата на Општина Центар (барака бр. 6), секој работен ден од 09 до 15 часот. Повикот останува отворен до исцрпување на средствата.
Општина Центар
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.