Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на Франкофонија
- -Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава, стои во соопштението на Општина Центар.
Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Во Паркот на Франкофонијата од 19 до 21 септември ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо.
Како што соопшти Општина Центар, првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено.
-Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава, стои во соопштението на Општина Центар.

Оттаму додаваат дека градоначалникот Горан Герасимовски и тимот на Street Food Picnic, ги поканува сите граѓани, семејствата, младите и љубителите на гастрономијата да присуствуваат на овој пикник фестивал и заедно да создадеме незаборавни моменти под отворено небо, исполнети со добра храна, музика и дружење. нд/вј/
Фото: Општина Центар