• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар

Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар

Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Општина Центар изминативе четири години вложува во промоција и афирмација на македонската култура, јазик и уметност преку мурали, концерти и настани посветени на културното наследство, соопштија од локалната самоуправа.

-„Муралот „Бушавата азбука“ во Дебар Маало е посветен на промоција на кирилицата и ги поврзува генерациите, потсетувајќи на култната детска емисија преку која го учевме мајчиниот јазик. Веднаш во близина е и муралот на големиот драматург Горан Стефановски, а во боемскиот дел на Центар е овековечен и Александар Џамбазов, легендарниот композитор, диригент и творец на Златно славејче, посочува градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски.

Концертот „Нешто што ќе остане“, додава тој, е проект кој стана традиција во Општина Центар. Две години наназад, секоја есен, во Паркот на Франкофонија се одржува овој популарен музички настан на кој настапуваат исклучиво македонски музичари и се изведува македонска музика.

-Промоцијата на македонскиот јазик, книжевноста и уметноста е врвен приоритет на Општина Центар. Македонските автори, музичари и уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат нашата поддршка, порача Герасимовски.

Тој нагласува дека редовно се реализираат и настани како меѓу генерациски средби, каде преку уметноста и хуманоста се дружат младите и повозрасните, еко-пикници за промоција на македонските производители и производи, прошетки со туристички водичи за запознавање со историјата на Центар, како и изложби и културни настани што ја оживуваат локалната сцена.

Буџетот за култура, кој во 2021 година изнесуваше 3 милиони денари, во изминатите четири години е зголемен на 13 милиони денари, а во наредниот мандат е предвидено да достигне 26 милиони денари, најави Герасимовски. вг/вј/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан