Герапетритис: Грција зазема исклучително важна позиција во ОБСЕ
- Позицијата шеф на Канцеларијата за демократски институции и човекови права во ОБСЕ ќе ја добие Грција, откако, како што соопшти министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, во мај годинава заедно со неговиот турски колега поднеле заеднички предлог за две од четирите важни позиции на Организацијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 5 декември 2024 (МИА) – Позицијата шеф на Канцеларијата за демократски институции и човекови права во ОБСЕ е очекува да ја добие Грција, откако, како што соопшти министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, во мај годинава заедно со неговиот турски колега поднеле заеднички предлог за две од четирите важни позиции на Организацијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ од состанокот на ОБСЕ во Валета посочи дека заедничкиот предлог со Турција бил „симболичен потег, што во фокусот ги става мирот, капацитетот државите со историски товар да можат да коегзистираат и да се создаде движечка сила во Организацијата за безбедност и соработка во Европа“.
-Грчката кандидатура беше единствената што собра едногласност во Постојаниот совет на постојани претставници и конечната одлука ја очекуваме утре. Во овој случај, Грција зазема исклучително важна позиција во ОБСЕ, позицијата шеф на Канцеларијата за демократски институции и човекови права, одговорна за интегритетот на изборите, консолидацијата на демократските институции, човековите права, заштитата на ранливите групи и малцинствата, елиминацијата на нееднаквостите, рече Герапетритис.
Дополнително истакна дека „Грција постојано го проширува својот дипломатски отпечаток и е во првите редови на меѓународните случувања и меѓународните организации. ср/ссм/