• петок, 08 ноември 2024

Герапетритис: Важно е ЕУ да остане стабилна, а стабилноста доаѓа со проширувањето

Герапетритис: Важно е ЕУ да остане стабилна, а стабилноста доаѓа со проширувањето

Атина, 1 октомври 2024 (МИА) – Поголема Европа е посилна Европа, порача шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис при пристигнувањето на министерскиот Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан и истакна дека ЕУ во време на две војни и огромни предизвици важно е да остане стабилна, а стабилноста доаѓа со проширувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред почетокот на состанокот на кој главната тема е ЕУ интеграцијата на регионот, шефот на грчката дипломатија посочи дека „важно е Западен Балкан да остане на вистинскиот пат за својата европска перспектива“.

-Важно е да им се даде визија на луѓето од Западен Балкан, со цел да се забрза овој процес, што започна со грчка иницијатива пред 21 година, во Солун и ние целосно го поддржуваме. Западен Балкан треба да ги исполни поставените критериуми, особено целосното усвојување на европското законодавство и меѓународното право. Многу е важно, од витално значење за Европската унија, во екот на две војни и огромни предизвици во нашиот регион и пошироко во светот, да останеме стабилни. А стабилноста доаѓа со проширувањето. Поголема Европа е посилна Европа, порача Герапетритис. ср/

Фото: Министерство за надвпрешни работи на Грција

Остани поврзан