• петок, 15 ноември 2024

Георгиевски: Треба да се насочиме кон она што следува, а тоа е македонското првенство и СЕХА-лигата

Георгиевски: Треба да се насочиме кон она што следува, а тоа е македонското првенство и СЕХА-лигата
Скопје, 26 јули 2022 (МИА) - Почетокот на нова сезона, исти амбиции, исти цели. Најдобро за нас е да заборавиме она што се случуваше ова лето во врска со неиграњето во Лигата на шампионите, тоа треба да го оставиме побрзо зад нас. Треба да се насочиме кон она што следува, а тоа знаеме дека е македонското првенство и СЕХА-лигата, изјави Гоце Георгиевски од Ракометниот клуб Вардар. Десното репрезентативно крило истакна дека имаат релативно млада екипа која е доста изменета од минатата сезона. - Имаме релативно млада екипа, доста изменета од минатата сезона. Посакувам успешни подготовки, сите да останат здрави. Гледам голем потенцијал во екипата, има млади играчи кои мислам дека ќе експлодираат оваа сезона, ќе докажат дека нивното место е во Вардар, рече тој. Вардар ги почна подготовките во салата на училиштето „Круме Кепески“, а па дури во втората половина на август ќе може да се врати во „Јане Сандански“ бидејќи таму се одржува кадетското Светско првенство за ракометарки. ар/  

Остани поврзан