Генералниот секретар на ОН чувствува „длабоко олеснување“ поради ослободувањето на заложниците во Газа
- Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави ослободувањето на последните живи израелски заложници кои беа држени во Појасот Газа.
Њујорк, 13 октомври 2025 (МИА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави ослободувањето на последните живи израелски заложници кои беа држени во Појасот Газа.
Гутереш изјави дека чувствува „длабоко олеснување“ што овие лица, кои издржале „огромни страдања“, ја повратиле својата слобода и наскоро ќе бидат повторно обединети со своите семејства, напиша тој на X.
Шефот на ОН повторно повика на враќање на посмртните останки на заложниците кои биле убиени во Газа.
Тој ги повика сите страни да се надоврзат на неодамнешниот напредок и да ги исполнат своите обврски според примирјето, со цел да се „стави крај на ноќната мора во Газа“.
Гутереш изјави дека ОН ги поддржуваат сите напори за завршување на конфликтот во Газа и за ублажување на страдањата на цивилите. јт/