• недела, 22 декември 2024

Генерален штрајк во рудниците Зеница и Бреза

Генерален штрајк во рудниците Зеница и Бреза
Зеница, 12 февруари 2021 (МИА) - Рударите од рудниците за јаглен „Зеница“ и „Бреза“ утрово стапија во генерален штрајк, додека рударите од преостанатите пет компании од концернот на Електростопанство на Федерацијата БиХ, во знак на солидарност со нив, започнаа со едночасовен предупредувачки штрајк. Рударите бараат да се деблокираат сметките на компанијата и да им се дозволи заминување во пензија на колегите кои ги исполнуваат условите, но не можат да го остварат своето право поради неплатени придонеси. Доколку нивните услови не бидат исполнети до 15 февруари, тие најавуваат протест пред зградата на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина во Сараево истиот ден. На 8 јануари Федералната даночна управа го блокираше рудникот „Зеница“ поради дел од долгот за придонеси за плати во износ од околу 4,9 милиони конвертибилни марки, а „Бреза“ беше блокиран во износ од околу 4,5 милиони марки, но долговите на двете компании се многу поголеми, пренесуваат босанските медиуми. паг/

Остани поврзан