• петок, 05 декември 2025

Гевгелиските матуранти ќе танцуваат „Квадрил“

Гевгелиските матуранти ќе танцуваат „Квадрил“

Гевгелија, 16 мај 2025 (МИА) - Гевгелиските матуранти заедно со соучениците од трета година од СОУ „Јосиф Јосифовски“, денеска точно напладне, со танцот „Квадрил“, ќе го одбележат завршувањето на средното образование.

Како што соопштија од локалната самоуправа, манифестацијата ќе се одржи на Градскиот плоштад во рамки на програмата од манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“.

 -Танцот е резултат на повеќенеделна подготовка под раководство на нивните професори по спорт и спортски активности и претставува симболична порака за зрелост, сплотеност и премин во едно ново животно поглавје, се наведува во информацијата од Општина Гевгелија.

Пред изведбата, учениците ќе положат свечена заклетва за ненасилство, почитување на различностите и промовирање на толеранцијата, чин кој ја одразува нивната определба за подобро и похумано општество. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан