Гвардиол: Меси беше мојот идол
- Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Јошко Гвардиол даде свое видување за настапите од почетокот на сезоната.
Манчестер, 26 октомври 2024 (МИА) – Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Јошко Гвардиол даде свое видување за настапите од почетокот на сезоната.
На осум натпревари од сезоната во Премиер лигата, дефанзивецот на Манчестер Сити постигна два гола.
- Мојот идол беше Меси. Кога играш дефанзивец 10-15 години, се заморуваш од тоа. Како помлад, играв насекаде - крилен играч, дефанзивен играч за врска, офанзивен играч за врска, па дури и напаѓач. Се чувствувам удобно во која било позиција и често завршувам на внатрешната лева страна бидејќи тоа го сака тренерот, рече Гвардиол.
Пред да дојде во Манчестер сити, Гвардиол играше за Динамо Загреб и за Лајпциг. зс/
Фото: ЕПА