• петок, 05 декември 2025

Гвардиола: Ќе беше невозможно да се управува сите овие години без Де Брујне

Гвардиола: Ќе беше невозможно да се управува сите овие години без Де Брујне

Манчестер, 3 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, зборуваше за работата со Де Брујне кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Сити вчера го победи Вулверхемптон со 1:0 во натпреварот од 35. коло од Премиер лигата. Стрелец на единствениот гол беше Де Брујне.

- Во однос на пласманот во Лигата на шампионите, резултатот е добар. Ако освоиме девет бода од преостанатите натпревари, ќе бидеме таму, па сè е во наши раце. Де Брујне повторно постигна гол. Мило ми е што завршува вака и што имаме уште еден натпревар на „Етихад“. Му сакам најдоброто на Кевин, би било невозможно да се справам без него сите овие години. Тој е неверојатен играч, но ситуацијата е таква каква што е, изјави Гвардиола, за „Скај Спортс“.

„Граѓаните“ јазапишаа петтата победа по ред, и со 64 бода се трети на табелата во англиската Премиер лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан