• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гвардиола и Анчелоти кандидати за селекторската функција на Бразил

Гвардиола и Анчелоти кандидати за селекторската функција на Бразил

Бразилија, 29 март 2025 (МИА) - Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) сака да назначи странец за селектор на националниот тим, објавија тамошните медиуми.

Претходно CBF го отпушти Доривал Жуниор, кој ја водеше бразилската репрезентација од јануари 2024. 

Федерацијата разгледува тројца кандидати за селекторската позиција: Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Хосеп Гвардиола (Манчестер сити) и Хорхе Жесус (Ал-Хилал).

Забележано е дека првиот човек на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригес ја претпочита кандидатурата на Анчелоти. Во исто време, Гвардиола е отворен за соработка со бразилската репрезентација.

Репрезентацијата на Бразил во средата на 26 март претрпе тежок пораз од Аргентина (1:4) во квалификациите за Мундијалот 2026. Во 16 натпревари под водство на Жуниор, Бразилците остварија седум победи, шест нерешени и три порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан