• сабота, 21 декември 2024

Гвардиола за прв пат во својата тренерска кариера доживеа четири порази во низа

Гвардиола за прв пат во својата тренерска кариера доживеа четири порази во низа

Брајтон, 9 ноември 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски стручњак, Пеп Гвардиола е во најлошата серија на порази во кариерата.

Вечерва Манчестер сити загуби со 2:1 од Брајтон на гости во 11. коло од Премиер лигата. На 30 октомври „Граѓаните“ го беа поразени од Тотенхем (2:1), на 2 ноември поуспешен од Сити беше Борнмут (2:1), а на 5 ноември – Спортинг (4:1).

Гвардиола досега никогаш не загубил толку натпревари во низа. Тој е во Сити од 2016 година, а претходно беше тренер на Баерн и Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан