• понеделник, 13 мај 2024

Гвардиола за поразот од Вулверхемптон: Играа многу добро и заслужија да победат

Гвардиола за поразот од Вулверхемптон: Играа многу добро и заслужија да победат

Вулверхемптон, 30 август 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го призна денешниот поразот од Вулверхемптон (1:2) во 7. коло од Премиер лигата.

 

- Честитки за противникот, тие го заслужуваат триумфот. Имавме моменти кога се мачевме да се носиме со нивните движења, одиграа многу добро. Ние бевме многу подобри против Њукасл (0:1 во англискиот Лига куп) отколку денес, но сега со нетрпение го очекуваме следниот натпревар, изјави Гвардиола, цитиран од официјалниот сајт на Манчестер сити.

 

И покрај поразот „Граѓаните“ продолжуваат да бидат лидери во Премиер лигата со 18 бодови. 

 

Во следното коло Граѓаните ќе играат на гости со Арсенал. Средбата ќе се одржи на 8 октомври. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан