• петок, 22 ноември 2024

Гвардиола за победата над Астон Вила: Многу добар натпревар, но се можеше да се случи при 3:1

Гвардиола за победата над Астон Вила: Многу добар натпревар, но се можеше да се случи при 3:1

Манчестер, 12 февруари 2023 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги искажа своите впечатоци по вечерашната победа над Астон Вила со 3:1.

- Имавме добар натпревар. Најдобрите шанси ги имавме во вториот дел. По паузата заигравме подобро од првото полувреме. Мислевме дека ќе постигнеме повеќе голови, но примивме гол и при 3:1 на меч од Премиер лигата, не е ништо решено. Сепак, притиснавме подобро во вториот дел, поправивме нешто, подобро ја контролиравме топката. Одигравме навистина добро, изјави Гвардиола за „Скај спортс“.

Шпанецот зборуваше и за состојбата на напаѓачот Ерлинг Халанд, кој беше сменет на полувремето.

- Ерлинг доби удар во бутниот мускул, се чувствуваше непријатно. При резултат 3:0 не сакав да ризикувам. Ќе ја процениме неговата состојба во наредните денови. Ако не е подготвен, ќе игра друг играч. Се надевам дека ќе биде подготвен, изјави Гвардиола.

Манчестер сити ќе ги одмери силите со Арсенал во презакажаниот натпревар во Премиер лигата на 15 февруари.

Сити е втор на табелата со 48 бодови, Арсенал е лидер со 51. зс/

Остани поврзан