• недела, 22 декември 2024

Гвардиола: Биелса е уникатен, еден од најдобрите во светот

Гвардиола: Биелса е уникатен, еден од најдобрите во светот
Лидс, 20 јули 2020 (МИА) - Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола оцени дека Марсело Биелса е на врвот на листата на најдобри тренери во светот. Биелса го предводеше Лидс оваа сезона се до неговото враќање во Премиер лигата и титулата во Чемпионшип дивизијата. - Тој заврши исклучителна работа. Тој е единствен во светот на фудбалот заради посебниот начин на кој игра. Научив многу за неговиот стил, за неговиот краен производ. Тој е неверојатен човек, посебен, рече Гвардиола, објави Би-Би-Си. Биелса беше тренер на Аргентина и Чиле, а работел и во Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио и Лил пред да ги преземе Лидс во 2018 година. - Присуството на Биелса во Премиер лигата следната сезона ќе биде неверојатно за англискиот фудбал. Освојувањето на титулата ви помага да имате работа и следната сезона, но на крајот, она што се сеќавате не се титули што сте ги освоиле, туку спомени и дали тренерот ве научил многу, посочува Каталонецот. Сити не успеа да ја одбрани титулата во Премиер Лигата оваа сезона и ќе го заземе второто место. - Она што се сеќаваме се искуствата и сеќавањата, играчите со кои сме работеле, тренерите. Марсело е на врвот на тој список. Апсолутно во самиот врв, додаде шпанскиот тренер. Кога ќе заврши лигата, Сити го чека натпреварот во Лигата на шампионите и реванш натпреварот од осминафиналето против Реал Мадрид, на 7 август. Во првиот натпревар во Мадрид, англискиот тим победи со 2:1. - Кога освојувате многу трофеи, имате потешкотии, но јас сум многу возбуден поради овие две недели пред нас, а исто така и за следната сезона. Моментот кога ја губам оваа страст и возбуда да бркам победи, тоа ќе биде проблем, изјави Гвардиола.

Тагови

Остани поврзан