Гаши се сретна со албанската министерка за надворешни работи, Елиса Спиропали
- Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали.
Скопје, 22 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали.
Како што соопшти собраниската прес-служба Гаши на средбата нагласил дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Тој изразил задоволство од прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон Европската унија и отворање на сите преговарачки кластери согласно новата методологија на ЕУ.

-Госпоѓата Спиропали истакна дека иако Албанија веќе преговара за членство во Европската Унија, смета дека и останатите држави од Западниот Балкан треба да ја следат и процесот на проширивање треба да продолжи затоа што носи голема трансформација во сите општества на земјите во регионот. Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси со до конечно надминување на сите потешкотии што се појавуваат на европскиот пат, се наведува во соопштението.
Двајцата соговорници се согласиле дека зачленувањето во Европската унија носи големи придобивки за граѓаните на земјите од Западен Балкан, затоа што процесот е реформски и потребно е да се имплементираат домашни задачи, како што е борбата против корупцијата и реформи во правосудните системи. ац/са/
Фото: Собрание