• четврток, 04 декември 2025

Гаши во Турција ја прими Глобалната награда за дипломатија

Гаши во Турција ја прими Глобалната награда за дипломатија

Скопје, 9 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска со објава на Фејсбук информира дека во Аланија, Турција ја примил Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC).

 

Наградата на Гаши му била врачена од Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи.

Гаши посочува дека наградата е признание за посветеноста на Собранието за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста.

-Во Аланија, Турција, на една извонредна церемонија и во топла пријателска атмосфера, имав чест да ја примам Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC). Ова признание претставува благодарност за нашата посветеност во Собранието на Република Северна Македонија за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста. Во време кога гласовите често се издигнуваат погласно од аргументите, и кога информацијата понекогаш ја губи правичноста пред брзината, оваа награда ме потсетува дека вистинската дипломатија и одговорната работа се градат врз почит, разбирање и отворен дијалог. Длабоко сум благодарен на Глобалниот совет за новинарство, организаторите и жирито за оваа голема чест!, напиша Гаши во објавата. фф/вг/

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Остани поврзан