• сабота, 18 мај 2024

Гатузо се договори со Валенсија

Гатузо се договори со Валенсија
Рим, 3 јуни 2022 (МИА) – Поранешниот тренер на Милан, Наполи и Фиорентина, Џенаро Гатузо, потпиша двегодишен договор со Валенсија, јавија претпладнево италијанските медиуми. Како предводник на шпанскиот прволигаш, Гатузо треба да има годишна плата од три милиони евра плус бонуси во зависност од постигнатите резултати. Гатузо од 2017 година мина по две сезони на клупите на Милан и Наполи, по што ја презеде екипата на Фиорентина, но замина по само две недели поради несогласување со клупското раководство околу стратегијата за трансфери. ег/паг/

Остани поврзан