Медиуми: Хрватот Јуриќ наследник на Гасперини во Аталанта
- Хрватскиот фудбалски стратег Иван Јуриќ (49) ќе го наследи Џанпјеро Гасперини (67) на тренерската должност во Аталанта, јавија денеска италијанските медиуми.
Бергамо, 6 јуни 2025 (МИА) – Хрватскиот фудбалски стратег Иван Јуриќ (49) ќе го наследи Џанпјеро Гасперини (67) на тренерската должност во Аталанта, јавија денеска италијанските медиуми.
Гасперини, кој по девет години во клубот од Бергамо ја презема Рома, беше ментор на многу тренери кои сега водат клубови во Серија А, но најдолго со Јуриќ, кој му беше на Гасперини во Интер и Палермо.
Според италијанските медиуми, на Јуриќ ќе му биде понуден двегодишен договор според кој би заработувал два милиони евра по сезона, плус дополнителни 500 илјади евра во бонуси.
Јуриќ има големо искуство во водењето на италијански тимови, откако беше тренер на Кротоне, Џенова, Верона и Торино. Оваа сезона, хрватскиот стратег имаше два неуспешни тренерски мандати, водејќи ја Рома на 12 натпревари и Саутемптон, кој испадна од Премиер лигата, на 16 натпревари.
Покрај Јуриќ, кандидати за тренерската клупа на Аталанта беа поранешниот стратег на Јувентус, Тијаго Мота (42) и Рафаеле Паладино (41), кој ја предводеше Фиорентина изминатата сезона. ег
ФОТО: ЕПА