• недела, 12 мај 2024

Гасол: Батлер е еден од најдобрите играчи во светот

Гасол: Батлер е еден од најдобрите играчи во светот
Мадрид, 12 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Пау Гасол им оддаде почит на Мајами и Џими Батлер.
  • Би сакал одделно да забележам колку сум горд на Џими Батлер. Тој е еден од најдобрите играчи во светот и одличен лидер! Честитки за Батлер и Мајами за извонредната сезона, објави на Твитер Шпанецот.
Гасол претходно играше со Батлер во Чикаго. Мајами оваа сезона стигна до финалето во НБА плејофот каде загуби од ЛА лејкерс со 4-2 во серијата која одлучуваше за шампионската титула. зс/

Остани поврзан