• понеделник, 23 декември 2024

Гардијан: Од Брегзит погодени 74 проценти од британските компании

Гардијан: Од Брегзит погодени 74 проценти од британските компании
Лондон, 11 март 2021 (МИА) - Три-четвртини од британските производители се обидуваат да се справат со пролонгираниот транспортот на стоки во и надвор од Европска Унија, а тоа е резултат на Брегзит и пандемијатасо Ковид-19, објави Гардијан. Истражувањето на британската трговска групација (Make UK), во кое учествувале над 200 водечки индустриски компании, покажува дека 74 отсто од фирмите се соочуваат со одложувања на увозот и извозот во ЕУ. Како причини се наведуваат бирократските проблеми по Брегзит, царинските инспекции и нарушувањето на светската трговија поради пандемијата. Повеќе од половина од компаниите соопштија дека имаат и зголемени трошоци, а една-третина пријавиле загуби во продажбата. На почетокот на неделата беа објавени податоци од Германија, кои покажуваат дека во јануари увозот од Велика Британија опаднал за 56 проценти, на 1,6 милијарди евра, во споредба со со истиот месец од претходната година. Официјалните податоци за британската трговија ќе бидат објавени во петок. ми/

Остани поврзан