• недела, 22 декември 2024

Гардијан: Зеленски бара оставка или разрешување на шефот на украинската војска

Гардијан: Зеленски бара оставка или разрешување на шефот на украинската војска

Киев, 30 јануари 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера побарал од врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, да поднесе оставка, но генералот наводно го одбил барањето,објави денеска Гардијан. Весникот наведува дека се очекува Зеленски наскоро да го разреши Залужни.

Олекси Гончаренко, пратеник од украинската опозиција и сојузник на генералот, рече дека дознал дека „вчера претседателот побарал од Залужни да поднесе оставка, но тој одбил да го стори тоа“.

„Лично, мислам дека ова е лоша идеја. Нема суштински прашања меѓу нив, но канцеларијата на Зеленски е загрижена поради тоа што Залужни дава политички, а не воени изјави“, рече Гончаренко.

Гардијан, пак, пишува дека тензиите меѓу двајцата, траат со месеци, по неуспехот на летната контраофанзива на Украина. Според лондонскиот весник, на местото на Залужни најверојатно ќе дојде Кирило Буданов, актуелен шеф на разузнавањето. ссм/

фото: архива

Остани поврзан