• недела, 22 декември 2024

Ганц: Ситуацијата на северната граница на Израел со Либан мора да се промени

Ганц: Ситуацијата на северната граница на Израел со Либан мора да се промени

Ерусалим, 27 декември 2023 (МИА) - Израелскиот министер Бени Ганц денеска изјави дека ситуацијата на северната граница на Израел со Либан мора да се промени.

Ганц оцени дека времето за дипломатско решение истекува.

-Доколку светот и либанската влада не дејствуваат за да спречат оган врз жителите на северен Израел и да го држат Хезболах подалеку од границата, тоа ќе го направат израелските одбранбени сили, рече тој.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, претходно денеска изјави дека војската на земјата е „во состојба на готовност“ поради нападот на милитантната група Хезболах од јужен Либан.

Десетици илјади жители на северен Израел се евакуирани од нивните заедници, како резултат на секојдневните ракетни и беспилотни напади на Хезболах врз регионот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан