• понеделник, 23 декември 2024

Ганц: Израел сака да влијае врз нуклеарниот договор со Иран

Ганц: Израел сака да влијае врз нуклеарниот договор со Иран
Ерусалим, 27 јуни 2022 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека Израел ќе соработува со светските сили со цел да има влијание на каков бил договор што ќе произлезе од нивните преговори за нуклеарниот договор со Иран. - Со очекуваното или можното продолжување на преговорите за нуклеарниот договор, ќе продолжиме да работиме заедно со САД и другите земји, за да биде јасен нашиот став и да влијаеме на склучувањето на договорот, ако биде, посочи Ганц. Тој додаде дека Израел не се спротивставува на нуклеарниот договор туку е против лош договор. Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахиан пред два дена на заедничка прес-конференција во Техеран со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, најави дека наскоро ќе бидат продолжени индиректните преговори помеѓу Иран и САД за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година ги повлече САД од Договор, поради што Техеран, една година подоцна, повторно почна да ги крши основните нуклеарни ограничувања. Во март, оживувањето на иранскиот нуклеарен договор со светските сили се чинеше близу, но разговорите заглавија околу тоа дали САД би можеле да го отстранат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), кој ги контролира елитните вооружени и разузнавачки ресурси на Техеран, од нивната листа на терористички организации, а кои Вашингтон го обвинува за глобална терористичка кампања. Минатата недела САД соопштија дека чекаат конструктивен одговор од Иран за обновување на договорот, без „дополнителни“ услови, што очигледно се однесува на барањето на Иран да ја отстрани Револуционерната гарда од американската листа на терористички организации. ми/

Остани поврзан