• петок, 22 ноември 2024

Ганиу на средба со амбасадорот на Северна Македонија во БиХ, Екрем Ебиби

Ганиу на средба со амбасадорот на Северна Македонија во БиХ, Екрем Ебиби
Скопје, 5 јули 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска во Сараево оствари средба со амбасадорот на земјава во Босна и Херцеговина, Екрем Ебиби со кого разговараше за продлабочувањето на односите меѓу двете земји и за можна идна соработка. На средбата во Сараево присуствувашр и пратеникот на ДУИ, Изет Меџити и поранешниот претседател на Лигата на Бошњаците, Рафет Муминовиќ. Како што информираат од Општина Чаир, на средбата било констатирано дека продлабочувањето на односите меѓу двете земји е во корист на обете страни и дека треба да се направат многу напори за приближување на граѓаните од двете земји.

- За време на оваа средба разговаравме за многу прашања поврзани со односите меѓу двете земји, но и можноста за соработка на Општина Чаир со многу општини и региони на Босна и Херцеговина, изјави Ганиу.

Градоначалникот на Чаир и амбасадорот констатираа дека продлабочувањето на односите меѓу двете земји е во корист на обете страни и оти треба да се направат многу напори за приближување на граѓаните од двете земји едни кон други, имајќи го предвид и фактот дека во Општина Чаир живее прилично голем број на бошњачко население. бт/сп/

Остани поврзан