• недела, 19 мај 2024

Галтие: ПСЖ никогаш не го победил Јувентус, тешко е да се промени текот на историјата

Галтие: ПСЖ никогаш не го победил Јувентус, тешко е да се промени текот на историјата
Париз, 7 септември 2022 (МИА) - Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, ги искажа впечатоците од победата над Јувентус во натпреварот од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Средбата се одржа синоќа во Париз и заврши со резултат 2:1 во корист на домаќините. - Има олеснување од овој резултат. Од моментот кога примивме гол, играта не беше во наша корист. Вреди да се нагласи дека противникот е силен во играта во шеснаесетникот. Имавме многу добро прво полувреме, но по примениот гол буквално почнавме да „паѓање“. ПСЖ никогаш не го победил Јувентус. Тешко е да се промени текот на историјата. Но, победата преку „мачење“ му помага на тимот да расте, го цитира Галтие „RMC Sport“. По првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, ПСЖ освои три бода и се наоѓа на 2. место во поредокот од групата „Х“. Јувентус е на 3. позиција без бодови. Во второто коло на 14 септември ПСЖ гостува кај Макаби Хаифа, а Јувентус на домашен терен ја пречекува Бенфика. зс/

Остани поврзан