• сабота, 29 јуни 2024

Гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“

Гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија организираат гала филмска вечер со проекција на  француско-шпанскиот филм „Ѕверови“.

Филмот ќе биде премиерно прикажан вечер, во 20 часот, во кино „Милениум“.

Како што е најавено, настанот ќе го отворат францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер и Хозе Луис Лозано Гарсија, амбасадор на Шпанија во Северна Македонија.

Филмот е дело на режисерот Родриго Сорогојен, а во главните улоги играат Изабел Пења и Родриго Сорогојен. Добитник е на наградата Цезар 2023 за најдобар странски филм. мд/са/

Фото: Францускиот институт во Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан