• вторник, 25 јуни 2024

Галатасарај му понуди четиригодишен договори на Паредес

Галатасарај му понуди четиригодишен договори на Паредес

Истанбул, 31 јули 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на пари Сен-Жермен, Леандро Паредес би можел да се пресели во Галатасарај.

 

Турскиот клуб го договорил трансферот на 29-годишниот играч за шест милиони евра, тврди новинарот Николо Шира.

 

Со самиот Аргентинец, Истанбулците се подготвени да потпишат договор до 2027 година.

 

Паредес е убедуван да оди во Галатасарај и од новодојдениот во клубот Мауро Икарди, кој играше со него за парижаните. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан