Галант соопшти дека израелската армија има контрола врз западниот дел на градот Газа
- Израелската армија презеде контрола врз западниот дел на градот Газа, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, јави ДПА.

Тел Авив/Газа, 16 ноември 2023 (МИА) – Израелската армија презеде контрола врз западниот дел на градот Газа, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, јави ДПА.
- Следната фаза почна, рече Галант.
Toj не прецизираше како ќе изгледа оваа фаза од војната во Газа и само рече „вооружените сили продолжуваат со прецизност и одлучност“.
Во меѓувреме, израелската армија дојде до „значајни откритија“ во најголемата болница во Појасот Газа, наведе Галант.
Операцијата во болницата Ал Шифа е во тек, рече тој. Претходно, воен претставник соопшти дека армијата пронашла командни и контролни центри на Хамас во болницата.
Израелската армијата, исто така, соопшти дека открила информации и филмски материјал на кој се прикажани заложници на компјутери и друга опрема во болницата Ал Шифа. Пронајдено е и оружје и разузнавачки материјал.
ДПА нагласува дека информациите не можат да се потврдат независно. јт/
Фото: МИА архива