• вторник, 30 април 2024

Галант: САД и сојузниците му дадоа на Израел „нови способности“ за одбрана од потенцијален напад на Иран

Галант: САД и сојузниците му дадоа на Израел „нови способности“ за одбрана од потенцијален напад на Иран

Тел Авив, 13 април 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека САД и другите сојузници му дале на Израел „нови способности“ да се брани од потенцијален ирански напад, како и да одговори на него.

- Внимателно го следиме планираниот напад на Иран и неговите поддржувачи против државата Израел. Во последните денови ја зајакнавме нашата воздушна одбрана и нашата офанзивна низа, се вели во изјавата на Галант, пренесува „Тајмс од Израел“.

- Додадовме нови способности, на копно, во воздух, на море, во разузнавањето, во државата Израел и заедно со нашите партнери, предводени од САД, рече тој.

- Иран е терористичка држава, светот е изложен на неа сега повеќе од кога било. Ние сме решени да ги заштитиме нашите граѓани од овој тероризам и ќе најдеме начин да одговориме на него, нагласи Галант.

Тој додаде дека израелските цивили треба „да ги следат упатствата на ИДФ и да дејствуваат во согласност со директивите на командата на Домашниот фронт“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан