• сабота, 18 мај 2024

Галант: Израелските сили убиле 10.000 палестински борци во Газа од почетокот на војната

Галант: Израелските сили убиле 10.000 палестински борци во Газа од почетокот на војната

Газа, 1 февруари 2024 (МИА) - Израелските сили убиле 10 илјади палестински борци во Газа, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, пренесе БТА.

Израелските одбранбени сили ја поразија бригадата на Хамас во градот Кан Јунис за време на четиримесечната војна против палестинското радикално движење.

Во оваа војна загинаа 10 илјади палестински борци, а исто толку борци се ранети, објасни Галант.

-Ја постигнавме нашата мисија во Кан Јунис, стигнавме и до Рафа и ги елиминиравме терористичките елементи кои ни се закануваа, рече министерот во изјавата, мислејќи на градот Рафа, кој е во близина на границата на Газа со Египет и кој е преполн со палестински цивили, раселени од конфликтот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан