„Газета“: Рашфорд сака да игра во Италија
- Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би сакал да ја продолжи кариерата во Италија, тврди „Газета дело Спорт“.

Милано, 12 јануари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би сакал да ја продолжи кариерата во Италија, тврди „Газета дело Спорт“.
Англичанецот им кажал на претставниците на Милан дека е заинтересиран за нивниот клуб, се вели во информацијата.
Покрај „росонерите“, за Рашфорд заинтересирани се и Борусија Дортмунд и Барселона. Напаѓачот не сака да им се приклучи на „жолто-црните“ бидејќи не го интересира германското првенство, а Каталонците треба да ги решат финансиските проблеми.
Изданието пишува и дека Манчестер Јунајтед се согласува на позајмица без опција за откуп, што дополнително го задоволува Милан, кој ќе треба да плати само дел од платата на Рашфорд. дс
Фото: Архива